Македонија 07. јули 2018. / 11:26

За убиство во Мала Речица 4 месеци затвор, за нападот на Села 81 година затвор

За убиство во Мала Речица 4 месеци затвор, за нападот на Села 81 година затвор

Вкупно 81 година и шест месеци завчера судот пресуди за обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин села. Никола Војминовски доби 13 години и шест месеци, Кире Ѓорѓиевски 13 години, Александар Јаневски Тошта 13 години, по 10 години и шест месеци добија Андреј Мицов, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски и Коста Делов.

Четворица од обвинетите за случајот со убиството на почетокот на април во Мала Речица, Тетово се осудени на по четири месеци затвор. Ридван Дервиши, Лулзим Битри, Халил Камбери и Сабит Реџепи беа осудени блиску до минималната казна за делото учество во тепчка. Обвинетиот Лулзим Битри, државјанин на Албанија, по отслужуавње на казната ќе има петгодишна забрана за влез во Македонија.

За само два дена, две спротивно различни пресуди, од крајните страни на скалата, односно од максимални до минимални.

Делото околу случајот со Села, каде и многу од сведоците кажаа дека дел од обвинетите му помагале на Села, а немале за цел да го убијат, скоро и да го израмни со убиство, бидејќи казните се приближни. За овој случај постојат сериозно сомнежи и дека можеби има политички мотиви зад себе, додека обвинетите тука добија драконски осудителни пресуди, обвинетите во случајот „Монструм“, каде се обвинети за петкратно убиство кај Смилковското езеро, на Велики четврток во 2012 година, на три дена пред Велигден, сега се бранат од слобода.

За случајот од Мала Речица во кој се изречени затворски казни од по 4 месеци, стануваше збор за вооружен инцидент помеѓу две ривалски групи од Куманово, кога беше убиен Наип Реџепи, додека Саби Реџепи и Флорим Мисини беа тешко повредени. Едната таканаречена група на Реџепи, а другата на Мисими, најпрвин започнале расправа околу изборот на претседател и членови во телата на ДУИ за град Куманово во партиското седиште на партијата во тетовска Мала Речица. Потоа тие излегле надвор и расправијата преминала во вооружена престрелка во која се користеле безбол палки, секира, нож, палици но и огнено оружје при што Наим Реџепи беше убиен а повеќе лица беа потешко и полесно повреден.