Македонија 06. февруари 2020. / 13:30

За три дена шопинг во Милано, Боки 13 потрошил 148.036 евра

За три дена шопинг во Милано, Боки 13 потрошил 148.036 евра

За три дена шопинг во Милано, на 25, 26 и 27 февруари 2019 година, Бојан Јовановски-Боки 13, потрошил 148.036 евра. Сумата ја изнесе обвинителката Вилма Русковска, по реакција на одбраната.

Одбрана на Боки 13 реагираше на тоа што во доказниот материјал се повторуваа истите сметки, со исти износи и со исти датуми од шопингувањето на Боки 13 во Милано, заедно со енговата мајка Јасмина и судијката Мери Дика Георгиевска.

-Судија, до судот се доставени сите фискални сметки и од нив може да се види дека за шопинг во Милано се потрошени вкупно 148.036 евра, изјави Русковска.