Македонија 17. јануари 2020. / 12:35

За тепачот Курто Дудуш само „судска опомена“

За тепачот Курто Дудуш само „судска опомена“

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска во судница призна дека го нападнал Демир Исмаил на одржувањето на ромскиот бал и рече дека жали за стореното. По признавањето на вина, судијата Ѓоко Ристов, му изрече само „судска опомена“, пишува 360 степени.

Нападнатиот Исмаил најави уште една постапка против Дудуш, односно дека ќе бара отштета од градоначалникот, а парите ќе ги донира.

Нападот за кој обвинува тој се случил на ромскиот бал организиран во 2018 година во хотелот „Александар палас“.

Исмаил е претседател на Европската ромска асоцијација „Асва“ и тој смета дека на Дудуш не му се допаѓало тоа што организацијата донирала храна и облека за жителите на Шуто Оризари и сакал да го спречи тоа.