Македонија 13. април 2020. / 19:37

За прв пат од независноста на Македонија, во мирно време, Владата нареди војската да патролира на улиците во Прилеп

За прв пат од независноста на Македонија, во мирно време, Владата нареди војската да патролира на улиците во Прилеп

Бројот на заболени од Ковид-19 во Прилеп порасна на 75, од кои двајца се починати, градот побара помош од Армијата за да се одржи редот пред банките и маркетите.

Како што напиша на „Твитер“ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски -за прв пат од осамостојувањето на Македонија, во мирно време, Владата нареди патролирање на Армијата на улиците на Прилеп, врз основа на итно делување врз пандемијата.