За прв пат етнички Албанец како специјалец на полициските сили влегува во единицата „тигри“, во која досега, како што пишува „Ина“, само Македонците во главно имаат ексклузивно право на членство. Локман Селими ќе биде „награден“ на позицијата заменик-командант на „тигрите“.
Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, поднел предлог за вклучување на Локман Селими на раководна позиција во полициската Единица за специјални задачи (ЕСЗ) „Тигар“.
Во специјалната полициска единица „Тигар“, 37 години од нејзиното формирање, ниту еден Албанец не е вработен.Локман Селими е ефектив на Специјалните сили на Македонија од Арачиново.