За обвинителката Вилма Рускоска обвинетите за случувањата на 27 април остануваат терористи.
– Не знам што содржи законот и дали воопшто ќе треба нова квалификација. Безпотребно лицитираме, треба да го видам предлог законот и до тогаш не можам ништо да кажам. Јас искрено, воопшто не размислувам за преквалификација и не се сомневам дека обвинението треба да биде „терористичко загрозување на уставниот поредок. – рече Рускоска по денешното рочиште за настаните на 27. април.
На новинарско прашање, дали се повикани на сослушување одредени лица кои беа споменувани во постапката, а не се обвинети, Рускоска рече дека не се повикани, бидејќи смета оти тоа не е потребно.