Македонија 28. септември 2020. / 18:06

За „Насилство во Центар“ доволни 19 часа за пресуда!

За „Насилство во Центар“ доволни 19 часа за пресуда!

Пресудата за „Општина Центар“ ќе биде соопштена утре во 12 часот.

На судијата за овој случај Душан Јосифов му се потребни само 19 часа за да ја  донесе пресудата. Ја најави за утре во 12 часот

Денеска одбраната потроши седум часа за завршни зборови.

Од тука се поставува прашањето – Како судијата ќе успее за десет часа да ги прочита и анализира, а камо ли да донесе пресуда во толку краток период?

Ова само ги потврдува сомневањата дека е под огромен притисок и оти пресудата е веќе донесена и останува само да им се соопшти на обвинетите.