Македонија 19. март 2020. / 13:10

За излез од земјата ќе потпишете изјава дека 3 месеци нема да се вратите во Македонија

За излез од земјата ќе потпишете изјава дека 3 месеци нема да се вратите во Македонија

Министерството за внатрешни работи од денеска ќе дава изјава на македонски и албански јазик на секој македонски државјанин кој ќе ја напушти државата, а со која ќе се обврзе дека во наредните три месеци нема да се врати на територија на нашата татковина, истакна на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој појасни дека исклучок од оваа одлука ќе бидат возачите на товарни моторни возила кои ги минуваат границите и граѓаните кои ги напуштаат граничните премини од здравствени причини.