Македонија 04. февруари 2021. / 08:28

За FIFA/UEFA сме Северномакедонци!

За FIFA/UEFA сме Северномакедонци!

Иако официјалното име на нашата фудбалска репрезентација е „Фудбалска федерација на Македонија“ од FIFA/UEFA веќе ни ставија ново име.

Од FIFA/UEFA Македонците според националност ги напишаа дека се „Северна Македонија“, а и репрезентацијата ја напишаа како „фудбалска федерација на Северна Македонија“.

Иако името на нашата репрезентација во фудбал е „Фудбалска федерација на Македонија“ тоа според FIFA/UEFA не е така. Во официјално писмо кое стигна од нив нашата фудбалска репрезентација е запишана како „Фудбалска федерација на Северна Македонија“.

Но, тоа не е сѐ. Членовите на фудбалската репрезентација Филип Поповски и Муамед Сејдини според националност се напишани Северномакедонци.

Повеќе може да видите од сликите во продолжение.

Се очекува да видиме дали ќе има одговор од нашата фудбалска репрезентација за ова.