Македонија 02. април 2020. / 11:41

За Дескоски кој е сопруг на Рената Дескоска, реалноста е северномакедонски, а не македонски

За Дескоски кој е сопруг на Рената Дескоска, реалноста е северномакедонски, а не македонски

Најважно е дека северномакедонското знаме се вее на јарболот. Сè друго ќе помине.

Вака професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, воедно и сопруг на министрката за правда Рената Дескоска, Тони Десковски коментира на вест поврзан со членството на Македонија во НАТО, пишува Република.мк.

Ова не е првпат професорот да ја користи придавката „северномакедонски“ иако и според Преспанскиот договор и според сите насоки и ветувања од МНР и владата на Заев, правилна е употребата на придавката македонски.

Но, Дескоски, сега го образложува она на што сите македонисти и јазични експерти предупредуваа уште пред потпишувањето на тој договор.

Па, така, кога соговорникот го предупредува дека се работи за македонско знаме, професорот инсистира дека е северномакедонско, затоа што не се работи само за знаме на Македонците, туку на сите граѓани на државата.

Отвори си правопис на Македонскиот литературен јазик:
Знамето на Северна Македонија е северномакедонско знаме.
Ако е Македонско, тоа би значело дека е етничко знаме на Македонскиот народ. А не е, државно знаме е, на сите граѓани на Северна Македонија. И на Албанците, Турците, Ромите …., вели Десковски.

На забелешката дека по таа логика и граѓаните би се нарекувале така, а тоа не е дозволено затоа што знамето е државен симбол и не може да се употреби таква придавка, професорот открива дека реалноста е непријатна.

Дојде до проблематичниот дел. Придавката ја открива непријатната вистина.
Државните симболи добиваат придавка која се изведува од новото име на државата.
Може да се живее во негација, но некои луѓе негираат дека земјата е тркалезна…
И придавката е северномакедонска, пишува професорот и сопруг на министерката за правда во владата која го потпиша Преспанскиот договор со кој македонското стана северномакедонско.