Македонија 20. ноември 2018. / 17:11

(ВИДЕО) Вучиќ: И Тадиќ купи Мерцедес на ист начин, па не го апсевме како Груевски

(ВИДЕО) Вучиќ: И Тадиќ купи Мерцедес на ист начин, па не го апсевме како Груевски

Александар Вучиќ во емисијата ,,Ќирилица” на Хепи ТВ, објасни дека на ист начин за исти пари Тадиќ купил Мерцедес како Груевски но дека ни на крај памет не им доаѓа да го осудат на две години затвор.

-Истиот Мерцедес го купи Тадиќ како Груевски, за исти пари еве ви го комплетниот документ, без јавни набавки без ништо 600 000 евра е купен Мерцедесот, и сега што треба да го гониме Тадиќ ? За  ова ли да го гониме Тадиќ да иде во затвор? Еве ви го целост предметот исто како Гуевски копи пејст, се е исто за што Груевски е осуден две години затвор, за што да го гониме дека Тадиќ имал против правна корист, па немал Тадиќ противправна корист. Мерцедесот остана на државата, ова е направено на потполно ист начин. И мислите Европа ќе ни аплаудира ако му речеме иди две години затвор си направил исто како Груевски, рече Вучич со емисијата.