Македонија 20. јануари 2021. / 09:20

Утре продолжува второто полугодие по истиот хибриден модел

Утре продолжува второто полугодие по истиот хибриден модел

Од утре, 21 јануари, почнува второто полугодие за учениците во основните и средните училишта, а наставата осотанува по хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење на часови преку телевизија, соопшти Министерството за обраование и наука (МОН).

-Она што е позитивен пример не треба да го менуваме и сметам дека второто полугодие ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел и дека оваа учебна година ќе ја завршиме според успешно воспоставениот модел. Во првото полугодие најголем предизвик беше како наставниците ќе се снајдат со онлајн наставата. Но овој предизвик е надминат и второто полугодие го продолжуваме по веќе воспоставениот хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење на часови преку телевизија, рече министерката Царовска во гостувањето на ТВ Клан.