Македонија 23. март 2020. / 15:41

Вториот починат од корона вирусот немал претходно заболување, бројката на зарзени се искачи на 136

Вториот починат од корона вирусот немал претходно заболување, бројката на зарзени се искачи на 136

Во текот на ноќта во Инфективната клиника починал 63-годишен пациент од Дебар, кај кого доцна синоќа имало нагло влошување на здравствената состојба.

Како што информира министерот за здравство, Венко Филипче, пациенот бил примен на Инфективна на 17 март со наод на бели дробови, но без температура. Откако вчера почнала да му се влошува состојбата, тојбил поставен на респираторна машина, но сепак, по неколку часа починал.

Филипче информира дека во претходните разговори со него и со неговото семејство добиле информација дека тој претходно немал некоја болест.

Тоа е втората жртва на корона вирусот во Македонија, откако претходно почина жена од Куманово.

Министеро информира дека во изминатите 24 часа, на Инфективната клиника се потврдени 22 нови случаи на заразени со корона вирус. Од нив, 15 се од Скопје, четири од Дебар, двајца од Куманово и еден од Охрид.

Со тоа, вкупниот број на заразени со корона вирус во Македонија е 136, од кои двајца се починати, а има еден излекуван. Во Скопје има 81 заболен, во Дебар 40, Штип седум, Куманово тројца, во Кавадарци и Охрид по двајца и во Гостивар еден.