Македонија 07. октомври 2019. / 15:43

Врховниот суд во Унгарија по втор пат одби екстрадиција на Груевски

Врховниот суд во Унгарија по втор пат одби екстрадиција на Груевски

Унгарија нема да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски ниту за настаните поврзани со 27 април, дознава „А1он“. Информацијата ја потврдија од Министерството за правда.

Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегал, велат од Министерството за „А1он“.

Веќе еднаш Унгарија одби екстрадиција на Груевски по барањето за издржување  двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО.