Медицинска сестра од Инфективното одделение од Клиничката болница од Штип е позитивна на Ковид-19, како и еден вработен на Физикалното одделние, поради што шестмина вработени, од кои двајца доктори, три сестри и еден лаборант од Инфективното одделение, се во изолација.
На Инфективното одделние се лекуваат 24 пацинети, 22 од Штип и двајца од Кочани. Синоќа еден пацинет, кој беше на кислородна поддршка е префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти пред малку пред новинарите директорот Ален Георгиев.
Ова е по втор пат од почетокот на пандемијата вработени од Инфективното одделение да одат во изолација. Во помош на Инфективното одделение доаѓа инфектолог од Струмица, потврди директорот на Клиничката болница.