Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ повторно се во штрајк поради неисполнетите ветувања од договорот со Владата. Два часа протестираа низ улиците на Прилеп и пред зградата на општината. Од завчера, една група, по првомајскиот протест, пред Владата постави шатори. Од Владата побараа конкретни одлуки.
Во Прилеп низ улиците и пред локалната самоуправа, во Скопје пред Владата. Вработените во „Еурокомпозит“ со активирање на штрајкот не се откажуваат од своите барања.
Исплата на заостанатите плати и прионеси, тековни плати и конечно решавање на статусот на оваа наменска фабрика. Сега се бараат и владини гаранции за овој единствен загубар во земјава.
Во прилепски „Еурокомпозит“ се околу 260 вработени. Побарувањата за заостанатите плати и придонеси се околу 5 милиони евра.