Македонија 03. април 2020. / 12:36

Вработен во службата на Итна помош e заразен од коронавирусот!

Вработен во службата на Итна помош e заразен од коронавирусот!

Вработен во службата на Итна помош e заразен од корона вирусот, потврди Директорот на Здравствен дом, Виктор Исјановски, пренесува Канал 5.

Според информации на Канал 5, возачот пред неколку недели превозувал лице заразено со вирусот, а поради тоа, самиот закажал тестирање во еден од пунктовите во Скопје. Утрово добил известување дека е позитивен на КОВИД 19. До денеска возачот немал симтоми, а претходно редовно бил ангажиран во службата.

Само во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 30 новозаболени, најмногу во Скопје, каде бројката на досега заразени од почетокот на епидемијата изнесува 195.