Македонија 14. јуни 2020. / 12:16

Вработен вo општина Струга позитивен на Ковид-19: Општинските служби затворени до идниот понеделник

Вработен вo општина Струга позитивен на Ковид-19: Општинските служби затворени до идниот понеделник

Службеник вработен во општинската администрација во Струга е позитивен на Ковид-19, па затоа Локалната самоуправа донела одлука службите во Општината да не работат до наредниот понеделик.

По консултации остварени со наделжните институции, од Општината е упатен повик до вработените во администрациајта да останат во самоизолација, а при евентуална појава на сипмтоми на корона вирус да ги контактираат матичните лекари.

Бидејќи ситуацијата со пандемијата се влошува, ве молиме да бидете внимателни и да ги почитувате мерките и препораките со цел да се спречи ширењето на пандемијата – се наведува во соопштението од Општина Струга.

Во меѓувреме ќе се анализираат и проверуваат сите контакти што вработениот ги имал со останати лица во Струга за да се откријат евентуални други инифцирани.

Лицето позитивно на Ковид-19 е во домашна изолација со лесна симптоматска клиничка слика.