Градинката „Коца Василева” во Битола потврди нов случај на КОВИД кај една од вработените, но продолжува со работа.
Станува збор за воспитувачка која е во изолација од минатата недела, а превентивните мерки се преземени откако е потврдено дека нејзиниот сопруг бил позитивен на корона.
Во градинката „Коца Василева” претходно беше констатирана инфекција од КОВИД-19 кај негувателка, а превентивно и согласно здравствените протоколи, 13 деца беа пуштени дома во изолација, додека објектот е целосно дезинфициран.