Македонија 15. мај 2020. / 16:44

Вонредната состојба продолжена за 14 дена

Вонредната состојба продолжена за 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски во обраќање до граѓаните по седницата на Советот за безбедност организиран по предлогот од Владата и Комисијата за заразни болести информира дека ја продлжува вонредната состојба  во Македонија.

Како што истакна Пендаровски, наместо бараните 30 дена од страна на Владата, продолжувањето на вонредната состојба е за уште 14 дена затоа што била подобрена состојбата со корона вирусот во земјата.

Причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата. Сметам дека 14 дена се доволни за да се имплеметираат социјално-економските мерки. Оваа одлука не е поврзана со изборите, за што ќе се разговара на друга средба наредната недела – изјави Пендаровски.