Македонија 18. октомври 2019. / 12:53

Вонредна прес конференција на Мицкоски

Вонредна прес конференција на Мицкоски

По последните случувања во Брисел и недобивањето на датум за почеток на преговорите со Европската унија, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски закажа вонредна прес-конференција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати до јавноста во 13:30 часот.

Премиерот Зоран Заев сè уште не дал изјава за јавноста по враќањето од Брисел. Според последните информации, во тек е средба со министрите во Владата.