Македонија 08. февруари 2021. / 17:21

(ВО ЖИВО) Заев на онлајн дебата со Атланскиот совет на тема „Северна Македонија на прагот од Европа“

(ВО ЖИВО) Заев на онлајн дебата со Атланскиот совет на тема „Северна Македонија на прагот од Европа“

Премиерот Зоран Заев денеска ќе биде почесен гостин на дебатата што ја организира Атланскиот совет. Дебатата ќе ја модерираат, Лорд Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО и Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атланскиот совет.

Како што соопштија од владината прес-служба, дебатата на тема „Северна Македонија на прагот на Европа“ на која меѓу другото ќе се разговара и за темите околу приоритетите во борбата со КОВИД-19 и прогресот на земјата кон ЕУ и патоказот за реформи ќе може да се следи во живо на фејсбук страната на премиерот Заев или ТУКА.