Македонија 12. ноември 2018. / 19:51

(ВО ЖИВО): Полиција пред домот на Груевски

(ВО ЖИВО): Полиција пред домот на Груевски

Полицијата дојде пред домот на експремиер Никола Груевски, кој требаше да се јави во затворот во Шото Оризари на отслужување на двегодишната казна затвор на која е осуден за случајот „Тенк”, објави Макфакс.

Полицијата тропаше на вратата од домот на Груевски, но никој не отвори.

Бидејќи Груевски беше недостапен за судските власти, по налог на кривичниот суд, МВР издаде потерница.