Ларис Гајсер, новинарот на италијанскиот весник „Ла Верита“, денеска ќе гостува во радиото „Каподистрија“ во 11 часот и ќе зборува за случајот „Рекет“.
Неговото гостување во живо ќе може да се следи ТУКА.
Гајсер веќе објави видеа на кои се гледа како Бојан Јовановски-Боки 13 зема торба полна со пари од куќата на Орце Камчев.
Разрешница за случајот сеуште нема, а сите релевантни фактори повикуваат на длабока истрага со цел да се откријат сите инволвирани во аферата.