Македонија 20. ноември 2020. / 11:45

(ВО ЖИВО) Децата преземаат владин состанок на високо ниво „За децата, од децата – иднината на образованието“

(ВО ЖИВО) Децата преземаат владин состанок на високо ниво „За децата, од децата – иднината на образованието“

Владата на Република Македонија, УНИЦЕФ и Делегацијата на Европската Унија денеска заедно да го прославуваат Светскиот ден на детето – 20 ноември.

Оваа година младите преземаат владин состанок на високо ниво на кој ќе ги презентираат своите ставови за едно од најитните прашања: Да се преосмисли иднината
на образованието и да се создаде уште подобро образование по КОВИД-19.

Со младите луѓе ќе се дискутира на шест теми, а тие се:

• Квалитетно предавање
• Намалување на дигиталниот јаз во образованието
• Ментално здравје и меѓуврсничко насилство во образованието
• Вештини за учење наспроти памтење факти
• Еко-училишта
• Квалитетно и инклузивно образование

На средбата ќе присуствуваат претседателот на Владата г. Зоран Заев, министерката за образование и наука г-а Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика г-а Јагода Шахпаска, министерот за животна средина г. Насер Нуредини, министерот за здравство г. Венко Филипче, претставничката на УНИЦЕФ во Република Македонија г-а Патриција Ди Џовани и шефот на делегацијата на Европската Унија г. Дејвид Гир. Тие заедно со 6 младински застапници ќе зборуваат за иднината на образованието во Република  Македонија.

Настанот е организиран во соработка со Младински образовен форум.

Во продолжение може да ја проследите оваа дебата: