Македонија 17. мај 2020. / 15:42

Во вонредна состојба: Освен синот на Боро Малборо и неговата тетка добила лиценца за марихуана

Во вонредна состојба: Освен синот на Боро Малборо и неговата тетка добила лиценца за марихуана

На седница на Влада на 12 мај пред 5 дена, во време на вонредна состојба заради корона кризата, криминалната Влада на СДСМ, доделува 2 лиценци за одгледување на марихуана на фирмите Еко Енерџи-Космос од Зубово – Ново Село и фирмата Лајтинг Лукс од Струмица, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој ја обвини власта дека додека граѓаните бројат ново заразени и црното конто на жртви секојдневно расте, Владата предводена од СДСМ неспособна да се носи со кризата, во вонредна состојба продолжуваат да работат криминално, корумпирано и штетно и да единствено да работат за бизнисите на фамилијата Заеви.

 -Во фирмата Еко Енерџи-Космос управител е синот на градоначалникот од Ново Село, близок до Заеви, кој шверцуваше цигари и беше фатен и спасен воедно од фамилијата Заеви, а еден од сопствениците на истата фирма е Христијан Котев, син на претседателот на СДСМ Ново Село, Тони Котев. Во другата фирма која доби лиценца од Заеви пред 5 дена Лајтинг Лукс, сопственик и управител е Славица Котева, инаку братучетка на Претседателот на СДСМ Ново Село и тетка на сопственикот на првата фирма Еко Енерџи-Космос која што исто така доби лиценца. Инаку сите гореспоменати се блиски до семејството Заеви, имено до браќата Зоран и Вице Заеви, рече Арсовски.

Тој како највиновен за доделување на овие 2 лиценци, имајќи во предвид дека овие лиценци ги доделува ресорното министерство за здравство, па дури потоа Владата ја гласа одлука, го наведе министерот Венко Филипче.

 -За жал наместо Венко Филипче да се бори за здравјето на граѓаните, Филипче одработува за фамилијата Заеви. Јавно ги прашуваме, Венко Филипче, Зоран Заев, Оливер Спасовски дали лиценците за марихуана доделени на блиски луѓе до фамилијата Заеви се поважни од здравјето на граѓаните на Република Македонија?, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски порача дека одговорност за ова и за се останато мора да има бидејќи никој не смее да се богати на сметка на стравот на граѓаните предизвикан од корона кризата.