Македонија 06. јануари 2021. / 23:12

Во велешката болница трет ден се зголемува бројот на пациенти со Ковид и на кислородна поддршка

Во велешката болница трет ден се зголемува бројот на пациенти со Ковид и на кислородна поддршка

Во велешката Општа болница се хоспитализирани вкупно 34 позитивни на Ковид-19, од кои 26 се потврдени позитивни, тројца сомнителни и пет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 16 пациенти, информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова.

На Инфективно одделение кое е ковид центар има 33, а на Интерно Б крак ,само еден пациент со последици по прележан Ковид.

На 3 јануари во велешката Болница имаше 29 пациенти, од кои 20 потврдени на Ковид.