Изминатите 24 часа во Тетово се регистрирани 20 нови позитивни на корона вирусот соопштија од министерството за здравство.
Со денешните позитивни на Ковид-19, вкупната бројка на заразени во Тетово од почетокот на епидемијата се искачи на 558, од кои активни се 322 пациенти.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-5.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на починати е 251, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012.