Македонија 13. јуни 2020. / 22:30

Во Тетово 45 нови заразени со корона вирус

Во Тетово 45 нови заразени со корона вирус

Во изминатите 24 часа во Тетово се регистрирани 45 пациенти позитивни на корона вирус. Со тоа вкупната бројка на заразени во Тетово се искачи на 380, од кои 209 се активни случаи.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 54 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се рекордни 196 нови случаи на Ковид-19. По градови нивната распределба е: Скопје-90, Тетово-45, Куманово-17, Охрид-11, Струга-8, Гостивар-8, Штип-5, Битола-4, Пехчево-2, Ресен-2, Свети Николе-1, Прилеп-1, Велес-1, Крива Паланка-1,

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.895, бројката на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.011.