Македонија 03. октомври 2020. / 08:28

Во текот на викендот препорака за евентуални нови рестриктивни мерки

Во текот на викендот препорака за евентуални нови рестриктивни мерки

Министерот за здравство Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за заразни болести, вчера изјави дека  треба да се направи детална анализа на епидемиолошките прашалници во секоја општина и градови, како и точен увид за начинот на трансмисија на вирусот, а согласно тоа да се разгледа дали воопшто треба и ако да – какви рестриктивни мерки треба да се воведат.

– Сакаме да се точно димензионирани и да ги препорачаме според овие податоци коишто ќе ги добиеме. Така што, и денеска и утре и во текот на викендот ќе работиме па ќе излеземе со соодветна препорака, потенцираше Филипче.