Македонија 18. септември 2018. / 12:36

Во судот се пуштаа разговори: Пешевски и Јанакиески со Кинезите заштедиле над 150 милиони долари

Во судот се пуштаа разговори: Пешевски и Јанакиески со Кинезите заштедиле над 150 милиони долари

На денешното рочиште на предметот „Траекторија” се слушаше разговор помеѓу поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поврзан со условите за финансирање, кои Македонија ги преговарала и добила од кинеската  „Ексим банка”.

Во денешниот разговор се слушна како Пешевски и Јанакиевски разменуваат мислења и прават план со цел да добијат многу поповолни услови од оние кои ги добила Република Србија за сличен проект, и од оние кои ги понудила првобитно „Ексим” банката.

Пешевски и Јанакиески успеале да ја намалат каматата од 3% на 2% на годишно ниво, со што за кредитот од околу 780 милиони УСД, секоја година се заштедуваат 7,8 милиони УСД, односно за 20 години колку што е рокот на кредитот направиле заштеди во буџетот од 156 милиони УСД.

Во истиот разговор се слуша дека нашле начин, работниците на проектот да не бидат Кинези (како што е на проектот што се гради во Црна гора), туку тие да се македонски државјани и исто така успеале да го зголемат учеството на македонските компании во изведување на работите од понудените 20%, на најмалку 49%, со цел да обезбедат работа за македонските компании.

Денес е познато дека, досега, над 80% од работите на кинеските автопати во Македонија ги изведуваат македонски компании.