Струшките села Лабуништа, Подгoрци, Боровец, Октиси и Јабланица од вчера се под посебни мерки, полицијата врши зачестено легитимирање бидејќи дел од жителите не ги почитувале препораките за самоизолација, како превенција од коронавирусот.
Жителите на овие села виделе дека лицата кои дошле од високоризочните земји не ги почитуваат препораките за самоизолација, па месните заедници заедно со полицијата решиле да се преземат посебни мерки.
Полициските службеници во претстојниот период засилено ќе вршат утврдување на идентитет низ улиците во селата Лабуништа, Подгорци, Боровец, Октиси и Јабланица. Доколку се констатира дека лицата не се придржувале до препораките, може да се соочат со кривична одговорност, односно со затворска казна до една година, се вели во заклучоците.