Редакцијата на Економски Лидер на ден 20.07.2019 година објавена вест со наслов „Нов скандал на повидок: Дали вработен во Национална агенција доделува европски пари на свои невладини“.
На оваа објава добиен е демант кој во целост го објавуваме, но исто така посочуваме на огромен број недоследности кои ги подвлекуваме и за истиот и бараме одговорност.
Имено, во текстот на демантот од Национална Агенција може да се види дека формално Реџепи е преземен во Националната агенција на 10.07.2018 годинa иако самиот тој на Фејсбук се пофали дека е во агенција од 2015 година.
Според сознанијата тука има неколку прекршувања на законот и европските правила и процедури.
– Во исто време работи за Национална Агенција и за Невладина организација која добива ЕУ фондови од истата Агенција.
– Во текот на работното време, Реџепи е платен од државата и ЕУ, а работи за својата невладина.
Согласно демантот на Националната Агенција Реџепи започнал со работа на 10 јули 2018 година.
Објавените постови на Реџепи на Фејсбук укажуваат на тоа дека тој имал активности во невладината, во работно време. Така на 18 јули 2018 година Реџепи бил на состанок во име на невладината организација а би требало да биде на работното место?
Продолжуваме со 26 и 27 септември 2018 година . Тука повторно Реџепи присуствува и води настани во име на невладината ЦЕД со која добива и пари од Националната агенција каде што работи. Ова е јасен доказ дека на Реџепи му се дозволува да работи за невладина организација и за Национална Агенција во исто време.
Продолжуваме на 2 ноември 2018 петок, кога Реџепи е сериозно посветен на својата работа во невладината.
Продолжуваме со 12 ноември 2018 година Понеделник. Повторно Реџепи е со обврски на терен но во име на својата невладина организација.
Еве и линк од видеото каде штоРеџепи работи толку активно
https://www.facebook.com/KlanMacedonia/videos/2194582340783725/
Продолжуваме на 16 ноември 2018 во петок каде повторно Реџепи во име на неговата невладина организација води проект. Од тука прашуваме дали за овој ден има користено слободен ден?
Продолжуваме на 30 ноември петок, повторно работен ден но Реџепи работи за својата Невладин а не за државната институција Национална Агенција.
Продолжуваме со 16 март 2019 кога г-дин Реџепи повторно работи како проектен менаџмент за својата невладина органзиација.
Продолжуваме на 22 март 2019 година Петок, кога г-дин Реџепи работи како проектен координатор во Тетово за што има и видео на следниот линк
https://www.facebook.com/ced.org.mk/videos/584057588742071/
Продолжуваме со 30 март 2019 година кога повторено г-дин Реџепи е на работа во свокјата невладина организација.
На 4 јули 2019 година Реџепи се пофали дека бил во Португалија, претпоставуваме повторно преку својата невладина органзиација, според хаштагот, бидејќи на тие денови во Португалија нема организирани евенти од страна на Националната Агенција.
Нашата редакција испрати барање до Националната Агенција за дополнително објаснвуање за ангажманите на Реџепи, но до објавувањето на оваа статија не добивме одговор.