Македонија 28. мај 2020. / 11:08

Во последните 24 часа издадени се 70 решенија за изолација

Во последните 24 часа издадени се 70 решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 461 прекршок.