Македонија

Во понеделник, Грција ги доставува писмата до ЕУ и НАТО

Во понеделник, Грција ги доставува писмата до ЕУ и НАТО

Во недела, шефот на грчката дипломатија ќе ги потпише, а во понеделник наутро ќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи на евро-атлантска интеграција на Македонија. Ова го откри самиот Никос Коѕијас, говорејќи пред новинарите на крајот од Конференцијата за стабилност и безбедност на грчкиот остров Родос.

Во однос на овие писма, Коѕијас потврди дека ја добил нотата од македонското МНР дека договорот беше ратификуван, а во понеделник Грција ќе го исполни нејзиниот дел од обврските.

– Во мојата дипломатска канцеларија писмата се веќе готови. Одбрав да ги потпишам пред самиот во Брисел во недела, за во понеделник наутро да се достават до Европската унија и НАТО. Тоа се писма кои велат дека бев известен од другата страна за ратификацијата на договорот во Собранието, и дека врз основа на обврските и предусловите кои ги имам поставено, може да продолжат напред, рече Коѕијас и објасни дека за да има напредок „потребен е позитивен договор на Советот за општи работи, а таму постоја тешкотии“ бидејќи, како што рече, има земји што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ.