Македонија 25. ноември 2020. / 19:24

Во петок ќе се разгледува барањето на Јовановски за карантин во Прилеп

Во петок ќе се разгледува барањето на Јовановски за карантин во Прилеп

Во врска со барањето на прилепскиот градоначалник за воведување карантин во тој град, портпаролот на Владата, Душко Арсовски денеска рече дека во Прилеп ситуацијата е алармантна и во петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем.

Би требало оттаму да произлезат следните чекори, начините, мерките и што ќе се преземе во Прилеп за да се намали процентот на заразени со Ковид-19, додаде Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.