Во петок ќе биде закажана седницата за избор на новата влада, дознава Курир.
Според нив, Талат Џафери најверојатно ќе остане на функцијата претседател на македонското собрание и седницата за формирање на нова влада ќе ја закаже во петок.
Зоран Заев и Али Ахмети, лидерите на СДСМ и ДУИ, вчера постигнаа конечен договор за формирање на парламентарно мнозинство.
Од она што вчера го соопштија лидерите на овие две политички партии, Зоран Заев ќе биде претседател на владата, а останува да видиме кој ќе раководи со министерствата во истата.