Македонија 07. ноември 2018. / 16:28

Во Париз ќе се издигне споменик во чест на животните загинати во Првата светска војна

Во Париз ќе се издигне споменик во чест на животните загинати во Првата светска војна

Париз ќе им оддаде почит на стотиците илјади загинати животни од Првата светска војна со издигнување комеморативен споменик.

Ваквата одлука е резултат на повеќемесечното лобирање на здружението за заштита на животните Paris Animaux Zoopolis во пресрет на стогодишнината од примирјето склучено на 11 ноември, со кое се означи и крајот на војната.

Од здружението велат дека иако во други светски метрополи, меѓу кои Лондон, Брисел и Отава, постојат вакви споменици, францускиот главен град не е еден од нив.

На почетокот на војната француската војска имала речиси 200.000 коњи во своите редови, кои главно ги користела во својата коњаница. Само неколку недели по почетокот на Првата светска војна, таа бројка се зголемила на половина милион. До крајот на војната, над еден милион коњи биле искористени во војната од страна на француската војска.