Македонија 16. април 2020. / 22:30

Во Охрид засилени полициски контроли за време на престојниот празничен викенд

Во Охрид  засилени полициски контроли за време на престојниот празничен викенд

Полицијата од СВР Охрид почувајќи од денеска во текот на претстојниот празничен викенд се до 21 април кога на сила ќе биде забраната и посебниот режим на движење на целото подрачје под своја ингеренција ќе врши интензивни контроли на сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, во викенд населбите, како и на верските храмови.

Засилените мерки за контрола почнуваат попладнево од 16 часот и ќе траат до 5 часот наутро на 21 април. Најавено е дека дополнителни мерки за контрола ќе се преземаат и околу верските храмови, што е во согласност со одлуката на Владата за продолжување на забраната и посебниот режим на движење за време на претстојниот христијански празник Велигден.

Од полицијата се упатува апел до граѓаните строго да ги почитуваат одлуките на Владата за забрана за движење, како и совесно и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Истовремено се предупредуваат лицата дека во случај на прекршување на дадените препораки ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.