Од кандидатите за пратеници кои влегоа во новиот собраниски состав, 79 се пратеници мажи, а 41 пратеници жени. Доколку се спореди со претходниот собраниски состав во кој имало 75 пратеници мажи и 45 пратеници жени, ќе се види дека во овој собраниски состав повеќе доминираат мажите.
Од коалицијата Можеме предводена од СДСМ во новиот собраниски состав влегуваат 28 мажи и 18 жени, од ВМРО-ДПМНЕ 27 мажи, 17 жени, од ДУИ 11 мажи и 4 жени, од АА и А 10 мажи и 2 жени, од Левица 2 мажи и ДПА е маж.
Државната изборна комисија вчера ги објави официјалните резултати од десеттите по ред парламентарни избори во Македонија.
Според нив, коалицијата „Можеме# предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден. Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат.