Македонија 12. август 2020. / 13:06

Во МОН преовладува ставот за физичко присуство на учениците, но сè зависи од епидемиолошката состојба

Во МОН преовладува ставот за физичко присуство на учениците, но сè зависи од епидемиолошката состојба

Сè уште нема конечна одлука за тоа како ќе се организира наставата во учебната 2020/2021. Продолжуваат консултациите меѓу Министерството за образование и Комисијата за заразни болести, соопшти министерот за образование Арбр Адеми. Тој не ја исклучи можноста и за пролонгирање на учебната година.

Адеми на прес-конференција информира дека се разгледуваат три модели: физичко присуство, онлајн настава и комбиниран модел.

Во МОН преовладува ставот за физичко присуство на учениците, но сè зависи од епидемиолошката состојба.

Нашиот став е јасен, но пред сè е важно здравјето на децата, истакна Адеми.

Тој рече дека е можно физичко присуство на учениците само во оние места во кои тоа го дозволува епидемиолошката состојба.