Македонија 20. октомври 2019. / 12:21

Во мобилниот на Боки 13 пронајдени пораки од осомничена со наведени суми

Во мобилниот на Боки 13 пронајдени пораки од осомничена со наведени суми

Обвинителството за организиран криминал и корупција за истрагата „Рекет“ има во раце вибер пораки испратени од една од осомничените за измамите од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13 со суми: 3.000, 5.000, 10.000 и други суми со заокружени бројки илјади, најдени во неговиот мобилен телефон, пишува сдк.мк.

Обвинителството претпоставува дека се работи за илјади евра и ќе истражува со која цел осомничената ги напишала и му ги испратила токму на првоосомничениот Боки 13.

Понатаму, порталот пишува дека за истата осомничена, како што дознаваат од истрагата, има тврдење од оштетен бизнисмен кој му дал неколку стотини илјади евра на Меѓународниот сојуз, дека никогаш не би му дал баш на Боки 13 пари, ако таа не била присутна и не седела до него буквално на сите средби и убедувања да ги инвестира таму своите пари.

Наредните денови ќе се истражуваат наодите на Управата за јавни приходи, која минатава недела најави три кривични пријави за затајување данок од  фирмите поврзани со првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски. УЈП открила затајување данок во БМЈ груп, Меѓународен сојуз и Томато продукција, а контрола извршила и во 1ТВ.