Македонија 14. март 2019. / 16:51

Во Македонија за прв пат се роди ХИВ негативно бебе од ХИВ позитивна мајка

Во Македонија за прв пат се роди ХИВ негативно бебе од ХИВ позитивна мајка

За првпат во Македонија се родило ХИВ негативно бебе од ХИВ позитивна мајка, која одлучила да остане бремена и да роди свое дете, објави Канал 5.

Таа пред 4 месеци го донела своето дете на свет кое е ХИВ негативно.

Освен медицински напредок кај докторите оваа приказна е доказ за една вистинска љубов помеѓу двајца, но и големи емоции и среќа за персоналот на клиниката за гинекологија и клиниката за инфективни болести.

Во моментов на 400-тина луѓе ХИВ позитивни на клиниката за инфективни болести примаат терапија.

Докторката Милена Стевановиќ вели дека секогаш е најважна превентивата, редовните контроли и навременето лекување.