Македонија 04. март 2020. / 15:15

Во Македонија владее инквизиција: Уредникот на Инфомакс ocyден на 6 месеци затвop

Во Македонија владее инквизиција: Уредникот на Инфомакс ocyден на 6 месеци затвop

За разлика од случајот „Рекет“, „Поткуп“ и „Глобал“, „Пуч“ случајот во кој главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски беше обвинет за оддавање службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев, експресно заврши со осудителна пресуда од 6 месеци затвор условно, доколку во наредните две години Митовски не го повтори делото.

На само 40 дена пред избори на овој начин власта на СДСМ се обидува да не замолчи нас, да ги замолчи нашите новинари, да го замолчи Инфомакс, но тоа нема да се случи џабе везете. Ова е ставот на уредникот на „Инфомакс“, Александар Митовски откако денеска беше осуден со осудителна пресуда од 6 месеци затвор условно, доколку во наредните две години Митовски не го повтори делото.

-Само што заврши рочиштето на кое што бев обвинет за оддавање на службена тајна, рочиште кое што само потврди дека во Македонија владее инквизиција. Тука не важат повеќе закони, не важи Устав, не важат меѓународни договори, не важат повелби за човекови права и слободи, не важи ништо освен политичкиот интерес на Зоран Заев кој што се најде засегнат од текстот кој што е спорен според овој суд и ова обвинителство дека бил споменат како човек кој што ги информирал Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец дека против нив е покрената постапка со цел да не биде тој човекот кој што ќе биде фатен како организира рекетарска шема во државава.

Јас само од тука можам да порачам дека апсолутно сум горд на ова што го работам, можам да кажам само дека нема да престанам ова да го работам иако како што најави судијката Љубинка Башевска за која што добивме информации дека добивала и нарачки за пресудава, а и некои друг мои колеги ги објавија овие информации, таа ја исполни нарачката, а ја и порачувам побрзо да ја унапредат како награда за ова што таа денес мене успеа да ме осуди на 6 месеци условно. Ова е срамота, срамен ден за Македонија, за слободата на говорот, за слободата на медиумите и човековите права, вели Митовски.