Македонија 04. мај 2020. / 10:52

Во Македонија има 84 починати и 482 активни случаи на корона вирус

Во Македонија има 84 починати и 482 активни случаи на корона вирус

Од почетокот на епидемијата на корона вирус во земјава досега се починати 84 лица, а во моментов се активни 482 случаи. Досега во земјата се направени 17.246 тестови за Ковид-19.

Министерството за здравство информираше дека продолжува активно да тестира согласно индикациите на сите пунктови и во сите лаборатории, но и будно да ја следи состојбата се до целосно спласнување на епидемијата.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека е поставен системот со модулите во модуларната маневарска болница до Инфективната клиника.

Го поставивме системот со модулите во модуларната маневарска болница до Инфективната клиника. Со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада набавивме и поставивме „монтажни модули“, каде се сместени простории за болнички кревети, амбулантски и тријажен простор, соби за одмор на персонал, тоалети за пациенти и персонал, гардеробери и соби за состаноци – наведе Филипче.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи порача дека е време со паметна комбинација на меки мерки да се заменат полицискиот час и затворањето на бизнисите.

Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите – истакна Османи при што уште еднаш посочи на задолжителното носење на маски и физичкото дистанцирање како меки мерки кои би го замениле полицискиот час.

Најновото истражување кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје, покажува дека се намалува поддршката за министерот за здравство  Филипче од чија работа како задоволни се изјасниле 78,3 отсто од анкетираните, што е помалку во однос на оние 80 отсто, кои кои беа регистрирани во мартовската анкета.

Кога станува збор за граѓаните кои не се задоволни од работата на министерот Филипче, нивниот број од 11 отсто во март, пораснал на 15,2 отсто во април.