Македонија 05. мај 2020. / 16:22

Во Куманово почнаа да работат пазарите

Во Куманово почнаа да работат пазарите

Двата пазара во Куманово денеска почнаа да работат, информираа од јавното претпријатие „Пазаришта“. Тие се лоцирани на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“ и ќе работат од понеделник до петок од 8 до 16 часот.

-После секој работен ден пазарите ќе се дезинфицираат. Остануваат сите препораки на Владата, Министерството за здравство и на Кризниот штаб на Куманово. Задолжителни се маски, ракавици, дезинфекциски средства, дистанца од два метра, изјави Илир Саити, директор на претпријатието.

Од ЈП „Пазаришта“ се подготвуваат и за отворање на добиточниот пазар во село Којнаре кој традиционално работи во сабота. Таму ќе се следат сите насоки од Владата и од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Кризниот штаб вчера информираше дека претпријатието побарало отворање на пазарите, по што и препорача на општината да почне со работа реонскиот и зелениот пазар и да се почитуваат сите мерки за заштита од коронавирусот.