Македонија 10. април 2020. / 13:54

Во Куманово има 19 нови заразени

Во Куманово има 19 нови заразени

Во Куманово ина нови 19 позитивни случаи на вируасот Ковид-19 во Куманово. Градоначаникот на Куманово, Максим Димитриевски, за Телма изјави дека според последната информација која ја добил Општинскиот кризен штаб бројката на заболени од овој вирус на ниво на општина Куманово се искачила на 160, додека во оштина Липково има два нови случи, а вкупно  осум, со што вкупниот број на заболени од Ковид-19 во кумановско е 168.

Информациите се дека најмалку едно лице од новозаразените 19 позитивни е медицински работник.

Димитриески вели дека побарале од Комисијата за здравство да изврши увид во Градската болница и да излезе со став за нејзината функционалност, како и да се затвори акушерско-гинеколошкото одделение. Димитриевски информираше дека во моментов Комисијата е на лице место таму и во очекување се на нејзните ставови и видувања.

Според него најбитно е тестовите и брисевите кои се испраќаат на анализа во Институтот за јавно здравје во Скопје на анализа да стигаат навремено за да можат да имаат теренските епидемиолози во Куманово комплетна епидемилошка слика за состојбата во градот