На една од снимките прикажани во судницата за „Рекет“ биле снимени како во скопско кафуле заедно седат Зоран Милевски Кичеец, еден познат адвокат од Скопје и Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, пишува Плус Инфо.
Опис на снимката не даде обвинителката Вилма Русковска, а немаше објаснување и за контекстот на снимката што е забелешка и на одбраната во „Рекет“.