Македонија 10. мај 2020. / 12:00

Во изолација нови 57 лица, решенија за самоизолација потпишале 13 лица

Во изолација нови 57 лица, решенија за самоизолација потпишале 13 лица

Нови 57 лица во изминатото деноноќие добиле решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму наведуваат дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки