Македонија 20. ноември 2020. / 15:05

Во изолација 42 ученици и 19 деца од градинка во Тиквешијата

Во изолација 42 ученици и 19 деца од градинка во Тиквешијата

Поради позитивен ученик во основно училиште во Кавадарци, во изолација одат 20 деца и двајца наставници. Исто така, поради позитивен ученик во Росоман, во изолација се 22 деца и еден наставник.

Во Кавадарци, позитивна е негувателка во градинка, поради што осум деца и една негувателка се во изолација, како и во Росоман, каде поради позитивно дете во градинка во изолација се 11 деца, две негувателки и еден воспитувач – известуваат од ЦЈЗ Кавадарци.

Денеска во Кавадарци до 14 часот се регистрирани 31 позитивен случај, а лицата се на возраст од две до 78 години. Во Неготино има 14 нови случаи, на возраст од 18 до 63 години.

Во Росоман позитивни се три лица на возраст од 29 до 52 години, а во Демир Капија две лица на возраст од 35 и 37 години.

Според вчерашните податоци од МЗ, во Тиквешко беа активни 662 случаи, а со денешните случаи надмината е бројката од 700 активни.